Самсоненко им ветил на „вардарци“ дека ќе ги исплати до 31. мај

Од состанокот на Сергеј Самсоненко со ракометарите на Вардар, на кој присуствувал и поранешниот сопственик на „црвено-црните“, Михајло Михајловски, и информацијата дека Русинот им ветил на „вардарци“ исплата на сите долгови најкасно до 31. мај.

Како што пренесува руски „Спорт“, Самсоненко свикал итен состанок со ракометарите по заминувањето на Криштопанс и Атман, но и се понагласените прозивки од страна на вардаровите ракометари за срамниот однос од страна на раководството кон нив. На состанокот, според руските медиуми, Самсоненко ветил дека сите долгови ќе бидат исплатени до 31. мај.

Претходно и Иван Чупиќ потврди дека имале состанок со Самсоненко и со Михајловски, кој се понагласено во јавноста се спомнува дека повторно ќе се врати за спас на клубот.

„Не се знае ништо конкретно. Имавме состанок со Самсоненко и Михајловски, отворено разговаравме. Ни беше кажано дека до крајот на месецов ќе се знае нешто повеќе. Не знаеме што ќе се случи, но како и да е јас до крајот на сезонава останувам во Вардар, мислам дека ист е ставот и на останатите ракометари. Би сакал работите да се стабилизираат“ – откри Иван Чупиќ, еден од најискусните во таборот на „вардарци“.

Се вчитува...