Меѓународната фудбалска федерација го суспендираше Самуел Ето на шест месеци. Претседателот на фудбалската асоцијација на Камерун нема да може да присуствува на репрезентативните натпревари во следните шест месеци.
Ето беше казнет од ФИФА поради јавно коментирање и критикување на судиите за време на неодамна завршеното Светско првенство за играчи до 20 години. Дисциплинската комисија на ФИФА преку соопштение ја потврди и образложи суспензијата.
Се вели дека Ето го прекршил членот 13 – прекршување на фер-плејот и навредливото однесување – и членот 14 – недолично однесување на играчите и официјалните лица.
„Казната е изречена во контекст на настаните за време и по натпреварот меѓу Бразил и Камерун на Светското првенство за жени до 20 години, што се одигра во Богота на 11 септември 2024 година“, беше појаснето.
Откако Барзил го доби осминафиналето со 3-1 и го елиминираше Камерун, Ето во неколку наврати јавно ги критикуваше судиите и оцени дека судиите влијаеле на исходот на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА