Самуел Ето не е подготвен да стави крај на кариерата

Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето нема намера да ја заврши кариерата по завршувањето на сезоната, иако истекува неговиот договор со клубот Катар Спорт. Тој од Турција се пресели во Катар, каде планира да игра најмалку уште една сезона.

„На моја возраст, мислам дека најдобро е да останам во Катар. Таму добив шанса да играм, но исто така и можност да започнам со мојата тренерска едукација. Ќе играм најмалку уште една сезона, а потоа ќе размислам повторно што е најдобро за мене и за моето семејство“, изјави 37-годишниот Самуел Ето.

Се вчитува...