Самуел Ето осуден на 22 месеци затвор и казна од 1,8 милиони евра

Поранешниот камерунски репрезентативец и екс член на Реал Мадрид и на Барселона, Самуел Ето, е осуден од шпанскиот суд на казна затвор од 22 месеци, а наложено му е да плати парична казна од 1,8 милиони евра.

Неговиот агент е осуден на една година затвор и казна од 905.000 евра. Двајцата се казнети поради неплаќање данок во износ од 4 милиони евра во периодот од 2006 до 2009 година.

Еро и Месалјес ја признаа вината и ја прифатија казната. Поради тоа и фактите дека двајцата не се претходно казнувани, извршувањето на казната е запренот. Поранешниот камерунски фудбалер за се го обвини агентот, кој го нарекуваше „втор татко“.

„Свесен сум за фактите и ќе платам, но нека се знае дека тогаш бев дете и правев само што мојот татко бараше од мене“, рече играчот. 

Случајот ќе биде продолжен затоа што Ето поднел тужба против својот агент. Ето во моментов ја извршува функцијата претседател на фудбалскиот сојуз на Камерун.

Се вчитува...