Самуел Ето си замина од Коњаспор

Камерунскиот интернационалец Самуел Ето (37) и дефинитивно си замина од турскиот клуб Коњаспор. Тој го мина вториот дел од сезоната во дресот на Коњаспор, како позајмен играч од Анталијаспор. Но, двете страни спогодбено ја раскинаа соработката.

Ето постигна шест гола во дресот на Коњаспор на 14 натпревари. Тоа беше 11.клуб во кариерата на прославениот Камерунец. Претходно, Ето играше за Леганес, Реал Мадрид, Барселона, Мајорка, Инер, Анжи, Челси, Евертон, Сампдорија и за Анталијаспор.

Се вчитува...