Сан Антонио добива огромно засилување за полуфиналето во НБА Купот

Сан Антонио успеа да го совлада Лос Анџелес Лејкерс и да се пласира во полуфиналето на НБА Купот каде за противник ќе го има еден од најдобрите тимови во сезоната, Оклахома.

На тексашкиот тим му претстои тежок предизвик до посакуваната титула, но за истиот на помош ќе го има француското „чудо“ Виктор Вембанјама кој е подготвен за камбек од повреда.

224 сантиметри високиот кошаркар оваа сезона одигра само 12 натпревари бележејќи просек од 26.9 поени и 12.9 скокови пред да заработи повреда на задната ложа.

Поради истата тој е надвор од натпреварувањето од 14. ноември пропуштајќи 12 натпревари едно по друго.

Се вчитува...