Сан Антонио ги сопре Јокиќ и Денвер

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувњето кај Сан Антонио Спарс 128-120 и покрај одличната партија на Никола Јокиќ и неговиот 26-ти трипл-дабл во сезоната.

Навивачите на Денвер навикнаа да слават победа кога Јокиќ ќе дојде до трипл-дабл, но не беше така и ноќеска, кога Сан Антонио ја запиша 17-та победа во сезоната.

Денвер имаше 26 победи по ред кога Јокиќ доаѓаше до трипл-дабл. Србинот на крајот го заврши мечот со 37 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Екипата на Филаделфија успеа да слави победа над Портланд, благодарение на Џоел Ембид кој донесе победа во последните секунди од мечот 120-119. Портланд имаше предност од 21 разлика во еден момент (71-50), но успеа да ја прокоцка и на крајот победата да и припадне на Филаделфија. Ембид беше најефикасен со 39 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Портланд 120:119
Вашингтон – Атланта 107:114
Мајами – Kливленд 119:115
Минесота – Бруклин 123:124
Сан Антонио – Денвер 128:120

Се вчитува...