21. трипл-дабл за Јокиќ, Сан Антонио го доби маратонот со Оклахома (ВИДЕО)

Сан Антонио ја ја совлда Оклахома со неверојатни 154-147 во натпревар со драматична завршница и со дури две прдолженија. За триумфот „Спарс“ се изборија во вторто продолженија откако претходн ов регуларниот дел пропуштија можост да го затворат делот порано. Тимот од Тексас имаше неверојатна тројкаша вечер, имаше 16 успшени од 19 обиди, а од нив 14 беа во серија.

За Сан Антонио ова е 25 сезонаска победа наспротив 18. порази и е шестата позиција во Западната конференција во која Оклахома е и натаму третопласирана и покрај серијатаод три последовни порази. Има ефект од 25/16.

Ламаркус Олдруџ го предводеше Сан Антониот до успехот, постигна рекордни во кариерата 56 поени. Кај Оклахома, Пол џорџ постигна 30 поени.

Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл предводејќи го Денвер до победа во западното дерби со Лос Анџелес Kлиперс од 121-100. Српскиот центар постигна 18 поени, имаше и 14 скока и 10 асистенции. Тој дојде до бројката од 21 трипл-дабл со што го израмни ефектот меѓу центрите на Карим Абдулџабар, а пред него е само Вил Чембрлен. За Денвер ова беше 28 победа, а има и 12 пораз и е лидер на Западната конференција. Клиперс со ефект од 24/17 се на петтата позиција на Запад.

Се вчитува...