Сан Антонио не му дозволи на Голден стејт без пораз да ја мине четвртфиналната серија од НБА плеј-офот во Западната конференција.
Спарси синоќа со 103-90 славеа против Вориорс, па намалија на 3-1 и ќе се обидат да направат било какво враќање во оваа серија, ако е тоа возможно. ЛаМаркус Олдриџ со 22 поени и 10 скока го водеше својот тим до победата, но значаен беше и Ману Џинобили со 16 поени.
На спротивната страна Кевин Дурант постигна 34 поени, дополнети и со 13 скока. Но, немаше соодветна поддршка од останатите соиграчи. Клеј Томпсон постигна само 12 поени, а Дрејомонд Грин имаше само 9 поени, покрај одличните 18 скока.
По двата порази во Торонто, Вашингтон стигна и до втората победа на свој терен па сега серијата е израмнета на 2-2. Вашингтон синоќа славеше со 106-98, со одлична партија на Бредли Бил од 31 поен, а Џон Вол дополни со 27 поени и 14 скока. Кај гостите ДеМар ДеРозан постигна 35 поени.
Кливленд го возврати „брејкот“ на Индијана победувајќи на нејзин терен со 100-104.
Во победничкиот тим најдобар беше Леброн Џејмс со 32 поени и 13 скока, а значајни улоги одиграа и Кајл Корвер со 19 поени и Џеј-ар Смит и Кларксон со по 12 постигнати поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

