Сан Антонио лесно против Лејкерс, Хјустон го доби дербито со Мемфис (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио спурс стигнаа до нова победа во НБА лигатао откако синоќа славеа на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс со 102-126. Најдобар поединец во таборот на Спурс беше Виктор Вембанјама кој мечот го заврши со 26 поени.

Кај поразените недоволни беа 30 поени на Ентони Дејвис.

Во дербито на вечерта во Западната конференција во крајно интересен натпревар Хјустон рокетс славеа на домашен терен против Мемфис гризлис со 120-118. Џејлен Грин со 42 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Жа Морант заврши со 29 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Минесота 106-120, Торонто – Голден Стејт 104-101, Њујорк – Детроит 119-124 и ЛА Клиперс – Мајами 109-98.

Се вчитува...