Сан Антонио Спарс претрпе пораз во вториот натпревар, откако беше потврдено дека Виктор Вембањама нема да игра до крајот на сезоната поради тромбоза на десното рамо. Од Сан Антонио подобар беше тимот на Детроит кој славеше со 125-110.
Иако домашниот тим заостануваше само со еден поен на полувремето, Детроит направи клучна разлика во третата четвртина, добивајќи го тој период од натпреварот со 20 поени предност. До крајот на натпреварот Пистонси рутински го одржуваа водството и стигнаа до 30-та победа сезонава.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Кејд Канингем со 25 поени и 12 асистенции, Џејлен Дуран со 21 поен, 15 скока и пет асистенции, Тобијас Харис со 22, додека Малик Бисли додаде 16 поени.
Кај Сан Антонио најдобар беше Келдон Џонсон со 28 поени, додека Дирон Фокс постигна 27. Стефон Касл додаде 12, а Сандро Мамукелашвили имаше 10 поени. Крис Пол имаше скромен учинок од три поени и две асистенции.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Њујорк 142:106
Орландо – Мемфис 104:105
Вашингтон – Милвоки 101:104
Торонто – Мајами 111:120
Далас – Њу Орлеанс 111:103
Сан Антонио – Детроит 110:125
Хјустон – Минесота 121:115
Јута – Оклахома 107:130
Сакраменто – Голден стејт 106:132
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

