Сан Антонио Спарс лесно триумфираа во главниот град на САД, продолжувајќи ја својата серија од шест победи, без да се смета поразо од Њујорк Никс во НБА Купот.
Тимот од Тексас ја обезбеди победата порано, покажувајќи му на Вашингтон Визардс дека ќе нема инзненадување.
Седум од 10-те играчи на Спарс на паркетот завршија со двоцифрен број поени. Дерон Фокс беше најефикасен со 27 поени, Лук Корн имаше дабл-дабл со 20 поени и 12 скока, Стефон Касл имаше 18 поени и 11 асистенции.
Карлтон Карингтон го предводеше Вашингтон со 21 поен. Тре Џонсон имаше 19 поени и седум скока. Со овој триумф Спарс се искачија на второто место на Западот и имаат 21-7 пред Денвер.
НБА, резултати:
Атланта – Чикаго 150:152
Њујорк – Мајами 132:125
Бруклин – Торонто 96:81
Вашингтон – Сан Антонио 113:124
Минесота – Милвоки 103:100
Сакраменто – Хјустон 125:124 по продолжение
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

