Сан Антонио се „тресе“ – се повреди Вембењама

Сан Антонио успеа да слави во битката против Њујорк никс, но триумфот беше скапо платен ако се знае дека најдобриот домашен кошаркар, Виктор Вембењама заработи незгодна повреда.

Тој при доскокот по една освоена топка згазна врз ногата на еден противнички кошаркар и остана да лежи на теренот. Францускиот центар, кој имаше 31 поен до тој момент, но потоа мораше да замине во соблекувалната и пред самиот крај се врати на клупата, но не влезе во игра.

„Немав можност подетално да зборувам со клупските лекари, но секако ме радува што не остана во соблекувалната, туку дојде на клупата и ја славеше победата со соиграчите. Тоа е добар знак“, изјави тренерот на Сан Антонио, Мич Џонсон.

Се вчитува...