Сан Антонио го именуваше наследникот на Грег Попович

Долгогодишниот асистент на Грег Попович во Сан Антонио спурс, Мич Џонсон ќе биде главен тренер на тимот од следната сезона, потврдија од клубот.

Тексашаните во текот на денот објавија дека Грег Попович се повлекува како тренер по 29 години на клупата, но не и од клубот, бидејќи ќе има советодавна улога.

Неговото место ќе го заземе Мич Џонсон, кој во Спурс е од 2016 година.

„Навистина сум благодарен и почестен што ми се даде оваа неверојатна можност. Благодарен сум на тренерот Поп и на управата што имаат доверба во мене да продолжам да работам со тимот и ветувам дека ќе дадам се што е во моја моќ за да ги направам горди навивачите на Спурс“, изјави Џонсон. 

Џонсон го презеде тимот во текот на сезоната, откако Грег Попович доживеа благ мозочен удар. Со него на клупата тимот имаше учинок 31-45.

Се вчитува...