Стадионот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано официјално поднесе кандидатура за домаќинство во финалето во Лигата на шампионите. Градоначалникот на градот го потврди предлогот овој стадион да биде домаќин на финалето 2026 или 2027 година. Доколку понудата биде прифатена, тогаш финалето ќе се врати после 10 години, откако последен пат беше организирано во 2016 година кога Реал Мадрид на пенали го совлада Атлетико. Претходно на овој стадион се играа финалињата во 1965, 1970 и 2001 година.
Веста доаѓа во миг кога Интер и Милан најавија изградба на свои стадиони надвор од градот. Двата клуба планираат да се преселат во своите нови објекти во 2028 година, па финалето во ЛШ би можел да биде последниот голем настан одигран на легендарниот стадион.
Двата гиганти од Милано беа незадоволни од градски власти сегашниот стадион да се трансформира во модерна арена, заштитувајќи го со истите закони да се спречи уништување на историски градби од архитектонско значење. Со тоа што одбиваат модернизација, ризикуваат да го претворат стадионот во „руина“ со оглед дека ќе нема кој да игра на таа арена.
Во еден миг се шпекулираше дека Сан Сиро ќе биде срушен, но тие шпекулации беа отфрлени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА