Сања Адамовска е МВП на 4. коло во ПЛЖ

Кошаркарката на Баскет Кам, Сања Адамовска е избрана за најкорисна кошаркарка на 4. коло од Првата женска кошаркарска лига.

Таа реализираше 21.поен со успешност на реализација од 3/6 за три поени и 6/8 за два поени, но и 11 скокови од кои четири офанзивни, пет асистенции и три украдени топки за индекс на корисност од 36.

Покрај Адамовска во петорката на колото се најдоа и: Кристал Корли (МЗТ Бела вода), Алексис Пул (Крива Паланка), Глорија Груевска (Крива Паланка) и Даја Грин (Крива Паланка).

Се вчитува...