Екипата на Баскет Кам 2011 ја загуби шампионската титула. Но раководството на клубот од Македонска Каменица ќе се обиде веднаш да го возврати ударот, и веќе во наредната натпреварувачка сезона да атакува и на трофејот во националниот шампионат кој сега е во витрините на нивниот голем ривал, екипата на Бадел 1862.
Кон таа цел, направен е и првиот конкретен чекор, ангажирано е првото засилување. Раководниот тим на Баскет Кам 2011, постигна согласност и потпиша едногодишен договор со актуелнатга репрезентативка, Сања Адамовска.
Во последните неколку сезони, 170. центиметри високиот бек на нашата женска сениорска селекција, настапуваше за екипата на Бадел 1862. И ова е прв договор за 24-годишната кошаркарка со траење од една година.
Клубот од Македонска Каменица најавува потпис на договорот со уште едно репрезентативно име, кој се очекува да биде познат многу брзо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА