Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез дојде како големо засилување на „Олд Трафорд“ од редовите на Арсенал, но воопшто не ги оправда очекувањата. Тој веќе 18 месеци заработува по 400.000 фунти седмично, а на теренот речиси нема никаков придонес. Токму затоа Јунајтед се обидува да се ослободи од него.
Алексис Санчез добил и порака да си побара нова средина до крајот на проедниот рок или во спротивно ќе игра за резервниот тим на „црвените ѓаволи“. Раководството на клубот се обидува да ги намали трошоците кога веќе трансферот на Чилеанецот се покажа како комплетно промашување. Проблемот е што ниту еден друг клуб не сака да го доведе Санчез под условите што тој ги има на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА