Санчез може да оди во Сити уште во јануари – Цената е 35 милиони фунти

Арсен Венгер одлучи да заработи од заминувањето на Алексис Санчез, Чилеанецот доби дозвола за преселба во Манчестер сити уште во јануари, а цената за неговите услуги е 35 милиони фунти. Наместо Санчез да го испочитува до крај договорот со Арсенал, Венгер смета дека е подобро да го продаде и да ја наполни касата на „топчиите“ отколку да го држат до крајот на сезоната.

Причината за оваа одлука е неконстантната форма на Санчез откако стартуваше оваа сезона, што го прави незадоволен францускиот стратег и смета дека е подобро да се ослободи од репрезентативецот на Чиле со цел да не ја нарушува хармонијата во соблекувалната.

Секако, сега последниот збор го има Санчез,кој може да одбие да замине во јануари со цел да изнуди поголема плата од „граѓаните“ бидејќи би пристигнал како слободен играч следното лето.

  

Се вчитува...