Санчез најпрво го спасуваше Челси, па Нкунку во финишот му донесе победа (ВИДЕО)

Челси триумфираше со 0-1 на гостувањето против Бурнмаут во 4. коло од Премиерлигата, во натпревар кој на моменти се чинеше и изгубен за „сините“ од Лондон.

Најпрво голманот на гостите Санчез ги спаси од негатива откако во 38. минута го одбрани пеналот на Еванилсон.

Па, потоа во 86. минута, кога се чинеше дека мечот оди кон реми, Нкунку погоди за триумф од 0-1 и големи три бода на Челси.


Се вчитува...