Санчез оди во Интер, а ќе го плаќаат „ѓаволите“?

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е подготвен да го плаќа и понатаму Алексис Санчез, но тој да не игра за тимот од „Олд трафорд“ следната сезона. Чилеанецот не ги оправда очекувањата по доаѓањето од Арсенал, а заработува енормни 500.000 евра неделно и е најскапоплатен фудбалер во Премиер-лигата. Раководството на „црвените ѓаволи“ бара солуција да го испрати на позајмица, но и да преземе дел од обврските за неговата плата.

Интер покажа заинтересираност за едногодишна позајмица, но Јунајтед ќе треба да исплаќа најмалку половина од сегашната годишна заработувачка на фудбалерот. Покрај Санчез од „Олд Трафорд“ се шпекулира дека ќе заминат и Пол Погба, Ромелу Лукаку и Давид де Хеа.

Се вчитува...