Најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез, кариерата би можел да ја продолжи во Баерн Минхен, открива германскиот „Билд“. Агентот на Чилеанецот ги започнал преговорите со раководството на баварскиот тим, а во следните денови се очекуваат и многу повеќе детали. Анчелоти бара фудбалер што ќе го пополни местото на Франк Рибери, кој е во 35-тата година и е на залезот на кариерата, а Санчез е идеалното решение за италијанскиот стратег.
Сепак, во преговорите има еден проблем, а тоа е цената за двократниот освојувач на Копа Америка. Баерн Минхен не дава повеќе од 30 милиони евра, причина за тоа е фактот дека Санчез влегува во последната година од договорот со „топчиите“. Платата не е проблем за германскиот шампион, но имаат строги критериуми кога во прашање се трансфери, па стојат на тоа дека не треба да дадат повеќе од првичната понуда.
ПСЖ, Челси и Сити се подготвени да платат многу повеќе, понудите стигнаа дури и до 50 милиони евра, но на крајот се прашува Санчез, кој истакна дека сака да остане во Лондон и да игра во Премиер – лигата и по завршувањето на договорот со Арсенал. Но, Баерн Минхен е можен кога се трансферите во прашање…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА