Манчестер јунајтед го купи Алексис Санчез како огромно засилување во зимскиот преоден рок, но Чилеанецот никако не успева да прикаже ниту дел од игрите што ги имаше во дресот на Арсенал. Тој делува загубено на „Олд трафорд“ и не може да се препознае во составот на Жозе Мурињо. И самиот е разочаран од своите први настапи во редовите на „црвените ѓаволи“.
„По моето доаѓање во Манчестер јунајтед, некако се се одвиваше многу брзо. Дури и не сакав да дојдам во репрезентацијата, поради разочараност од моите настапи во клубот. Но, потоа се слушнав со Клаудио Браво и одлучивме дека сепак е најдобро за националниот тим да бидеме сите заедно. Не барам оправдувања, и самиот очекував многу подобри игри во дресот на Јунајтед. Се надевам дека многу брзо ќе се вклопам и дека ќе бележиме успеси со новиот клуб“, изјави Алексис Санчез.
Со трансферот во Манчестер јунајтед, чилеанскиот интернационалец заработува 505.000 фунти неделно, со што е најплатен фудбалер во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА