Санчез се прости со Интер – следна дестинација Марсеј

Алексис Санчез се прости со Интер, следната дестинација на напаѓачот ќе биде лигата во Франција, поточно Марсеј.

Чилеанската ѕвезда се договори со раководството на Интер за спогодбен раскин на договорот и сега расчистен е патот кон негов трансфер на „Велодром“ во таборот на бившиот европски првак Олимпик Марсеј.

Санчез веќе има договор со Марсеј за да дојде за двегодишна соработка вредна по три милиони евра по сезона. Чилеанецот ќе игра во Лигата на шампионите, а на „Велодром“ очекуваат да биде еден клучните фудбалери во новата сезона.с

Санчез е поранешен фудбалер на Удинезе, Барселона, Арсенал и Манчестер јунајтед, но во Интер имаше само повремени блесоци.

Се вчитува...