Чилеанецот Алексис Санчез сака да си замине од Манчестер Јунајтед и најверојатно наскоро ќе ги напушти „црвените ѓаволи“. Според информацијата што ја објавија британските медиуми, тој наводно веќе побарал трансферот да биде реализиран веќе во јануари.
Санчез на „Олд Трафорд“ дојде како големо засилување, но со досегашните настапи потполно разочара и се почесто се споменува можноста за негово заминување.
Од таквиот развој на настаните разочаран е и Санчез кој после натпреварот меѓу Манчестер Јунатед и Јанг Бојс, побарал да биде ослободен од обврските. Во Манчестер сигурно нема да му прават проблем, со оглед на тоа тој неделно заработува по 350 илјади фунти, најмногу од сите други, а на терен не покажува ништо.
Санчез и покрај лошата сезона на „Олд Трафорд“ нема проблем да најде нова средина. Трансфер шпекулациите веќе го поврзуваат Чилеанецот со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА