Санчо дава попуст само за Борусија Дортмунд

Драмата околку заминувањето на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед продолжува. Договорот на англискиот репрезентативец истекува на крајот на следната сезона па „црвените ѓаволи“ мораат да го продадат „отпишаниот“ фудбалер ова лето доколку сакаат да вратат барем дел од парите потрошени за негов ангажман.

Манчестер Јунајтед постигна договор за трансфер вреден 15 милиони евра во Јувентус, но договорот пропадна по преголемите финансиски барања на Санчо од 16 милиони евра по сезона.

Санчо не дава „попуст“ за италијанските клубови, но ќе му излезе во пресрет на својот поранешен клуб Борусија Дортмунд каде го играше најубавиот фудбал во кариерата.

Англичанецот за славниот германски клуб одигра четири сезона од 2017 до 2021 година постигнувајќи 50 голови и 64 асистенции па сака да се врати на доборопознатото место и да игра за „само“ осум милиони евра по сезона. Со оваа сума би бил изедначен на врвот на листата на најплатени фудбалери заедно со капитенот Емре Чан.

Се вчитува...