Санчо добива нова улога од Тен Хаг

Манчестер Јунајтед има проблеми со повреди на стартот од сезоната, а во таа ситуација нова улога би можел да добие Џејдон Сачно.

Фудбалерот, кој минатата сезона играше како позајмен во Борусија Дортмунд, летово се врати на Олд Трафорд откако се смири со тренерот Ерик тен Хаг.

И како што стојат работите, тој неочекувано доби шанса да игра на позицијата „деветка“, откако најдобриот стрелец на тимот минатата сезона, Расмус Хојлунд се повреди за време на американската турнеја на мечот со Арсенал.

Данецот ќе биде надвор од терените најмалку шест недели, па Тен Хаг мора да бара други решенија на стартот на сезоната.

Се вчитува...