Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека одговорноста е на Џејдон Санчо да се врати во тимот. Санчо тренира одвоено од тимот од септември и мечот со Арсенал.
Тен Хаг потоа рече дека Санчо бил исклучен бидејќи неговите напори на тренинзите биле под стандардните.
„Тој знае што треба да направи и зависи од него“, изјави Тен Хаг.
Санчо е член на „црвените ѓаволи“ од јуни 2021 година, кога пристигна од Дортмунд за 73 милиони фунти. Откако пристигна на „Олд Трафорд“ пред 18 месеци, Холанѓанецот е решен да ја подобри дисциплината во Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА