Сагата на Џејдон Санчо заврши, откако денеска беше комплетиран неговиот „кам-бек“ во Борусија Дортмунд. Санчо после 2,5 години се враќа во Дортмунд, откако во 2021 година направи трансфер од Германија во Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра.
Договорот е позајмица до крајот на сезоната, а потоа двата тима ќе мора да преговараат за евентуален целосен откуп на договорот.
Санчо во последните месеци беше „замрзнат“ од Ерик тен Хаг во Јунајтед. Не му беше дозволено да тренира, ниту да се доближи до базата на англискиот тим, а сега ќе има шанса да ја оживее кариерата.
Во Дортмунд, Санчо ќе го носи дресот со број 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА