Џејдон Санчо е хит на сезоната во европскиот фудбал, откако младиот Англичанец во првата година играјќи сениорски фудбалер бележи импресивни игри во дресот на Борусија Дортмунд. Манчестер Сити има за што да жали бидејќи го пропушти овој „бисер“ да си замине за прескромни осум милиони фунти, а Санчо дефинитивно го направи вистинскиот избор со преселбата во Германија.
„Зошто Дортмунд? Па се е јасно, затоа што овде младите навистина добиваат шанса, па згора на тоа и секој домашен натпревар го играат пред 80.000 навивачи. Лудо беше колку многу клубови ме бараа минатото лето, но од првиот момент бев убеден дека Борусија е вистинскиот тим за мене“ – изјави Санчо, кој веќе има шест гола и десет асистенции зад своето име сезонава.
Тој откри и дека инспирацијата на теренот ја наоѓа од големата семејна трагедија што го има погодено пред десетина години. Имено, тогаш Џејдон на петгодишна возраст остана без својот брат, кој се уште му е во мислите, како инспирација во животот. Санчо дури и на левата рака има истетовирано стихови посветени токму на прерано починатиот брат.
„Моите најблиски го знаат тоа, секој натпревар го играм за мојот брат, сакам да биде горд на мене додека ме гледа од небото. Стиховите гласат: Јас и ти ќе останеме засекогаш, ти ме правеше среќен, ми ноосеќе радост, беше посебно бебе. Не можев да дочекам да пораснеш, да те научам фудбал и да освојуваш пехари. Но сега те нема, што можам да направам. Братче мое, те сакам“ – открива Санчо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА