Санчо на лето одново во дресот на Борусија Дортмунд?

Се погласни се шпекулациите дека Џејдон Санчо на лето би можел одново да го облече дресот на Борусија Дортмунд. Согласно најавите, Челси ќе го искористи задолжителниот откуп од Манчестер Јунајтед, и потоа ќе го продаде на Борусија Дортмунд.

Челси сега се премисли околу неговиот ангажман, односно доколку не сака да го плати задолжителниот откуп од 25 милиони евра, тогаш ќе треба да му исплати на Манчестер Јунајтед 5 милиони, и да го врати назад.

Затоа планира да го искористи задолжителниот откуп, и веднаш за истата сума да го продаде на Борусија Дортмунд.

Санчо двапати играше за „милионерите“, а лани како позајмен од Јунајтед, со „жолто-црните“ стигна и до финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...