Санчо сака само во Јувентус, на потег се „црвените ѓаволи“

Џејдон Санчо дефинитивно не е дел од плановите на Ерик тен Хаг за тимот на Манчестер јунајтед, но „црвените ѓаволи“ се мачат да најдат купец за поранешниот англиски репрезентативец.

Ниту еден од заинтересираните клубови не понуди ниту блиску до она што Јунајтед го бара, но сега Јувентус е лидер во трката по Санчо. Последните информации говорат дека „црно-белите“ го убедиле екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд дека се вистинскиот клуб за него, најавувајќи му дека ќе има доволна минутажа за да ги покаже своите квалитети во тимот на Тијаго Мота.

Тој веќе му кажал ДА на Јуве, но и ги известил челниците на Јунајтед за желбата да преговараат само со „старата дама“ бидејќи ниту еден друг клуб не го интересира до крајот на овој преоден рок. Италијанскиот гигант ја искористил ситуацијата и испратил понуда за позајмица со која Јуве дури и нема да ја покрива целата платана Санчо од договорот со Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ја одбиле понудата, но денеска дошло до нова рунда разговори по која двете страни се блиску до целосен договор. Јувентус ќе плати околу 10 милиони евра за позајмица (парите од продажбата на Киеза во Ливерпул), воедно во договорот ќе има и клаузула за задолжителен откуп следното лето.

На потег е управата на Манчестер Јунајтед, која се наоѓа во небрано да мора час поскоро да донесе одлука за иднина на фудбалер со огромна плата кој не е дел од плановите на тренерот.

Се вчитува...