Џејдон Санчо и официјално од утре ќе биде член на Борусија Дортмунд. Играчот кој го доживеа својот врв играјќи за „милионерите“, сег одново сака да ја оживее кариерата. Германските медиуми тврдат дека Англичанецот бил подготвен дури да игра и за далеку помала плата, само да се врати онаму каде што беше четири години.
Санчо на свои 17 години замина во Борусија Дортмунд, и се наметна како еден од најдобрите млади играчи, по што во 2021 година за 85 милиони евра замина на „Олд Трафорд“.
Но, откако не играше за Манчестер, влезе во конфликт и со тренерот Ерик Тен Хаг, по што беше суспендиран и не му беше дозволено да тренира со првиот тим. Сега бара излез од кризата и тоа во поранешниот клуб.
Германските медиуми тврдат дека веќе се е договорено, и тој од утре ќе се приклучи на тренинзите на Борусија Дортмунд во Марбеља, Шпанија. Ќе дојде како позајмен играч до крајот на сезоната, но нема информации дали потоа Дортмунд ќе може да го откупи неговиот договор.
Инаку Санчо во шестмесечниот период ќе заработи околу 3 милиони евра, што е повеќе од половина помалку од она кое го заработува во Јунајтед. Неговата плата изнесува 13 милиони фунти по сезона, или 6,5 милиони фунти за една полусезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА