Санчо со еден збор ги „запали“ навивачите на Манчестер Јунајтед: „Какви сте вие пропалици“

Маркус Рашфорд оваа зима го напушти Манчестер Јунајтед пo две децении поминати во клубот засилувајќи ја Астон Вила како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Тој своето деби го имаше на натпреварот против Тотенхен по што објави фотогалерија на социјалните мрежи.

Еден од коментарите беше и оној на поранешниот соиграч, Џејдон Санчо кој пак го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Челси. Англискиот репрезентативец коментираше „Слобода“, коментар кој ги разбесни навивачите.

На коментарот на Санчо следеа серија на критички одговори. „Не можеш да тренираш напорно за нас, но можеш за Астон Вила. Заминувај“, „Лошо однесување = слобода“, „Какви сте вие пропалици“, „Формирајте клуб на мрзливи браќа“, „Слобода од макотрпна работа“, се само дел од коментарите.

Се вчитува...