Санчо спасот на кариерата ќе го бара онаму каде што блескаше

Џејдон Санчо се наоѓа во тежок момент во кариерата која оди во надолна линија по транфсерот во Манчестер Јунајтед. За него повеќе нема место на „Олд Трафорд“, а и нема бројни клубови кои се заинтересирани за негов трансфер.

Спасителот сепак се јави во името Борусија Дортмунд, тимот каде што младиот Англичанец блескаше пред да реализира трансфер вреден 85 милиони евра во Манчестер Јунајтед.

Германскиот гигнат е во потрага по засилувања на крилните позиции, а изборот паднал на поранешниот фудбалер кој постигна 53 голови и забележа 67 асистенции на 158 одиграни средби во сите конкуренции.

Борусија Дортмунд верува во Санчо и покрај тоа што не е во посакуваната форма и верува дека одново би го покажал целиот потенцијал на „Сигнал Идуна Парк“, но е подготвена да издвои околку 20 милиони евра за негов трансфер. Се очекува Манчестер Јунајтед да ја прифати оваа сума само за да се ослободи од големите примња на 25-годишникот.

Се вчитува...