Преполн позитивна енергија, инспирација и мотивација за поубав ден и насмевка која дава елан и желба да се направи промена, да се биде како него, е аурата со која зрачи Санде Стојановски секаде каде што ќе се појави.
71-годишниот Санде живее во с. Лозово, каде помеѓу соселаните важи за човек кој секогаш (особено младите), ги мотивира и инспирира да се активираат, да прават добри дела и да практикуваат здрави животни навики.
Неговата љубов и пасија кон спортскиот и активен начин на живот ја стекнува уште од мали нозе, особено кон атлетиката, кога започнува и рекреативно да се занимава со маратони, за во 2008 година (на негова 61-годиншна возраст) да започне со учество на Скопскиот маратон.
Приказната за тоа како започнал да се занимава со рекреативно трчање е навистина интересна.
„Во деновите кога живеев во Скопје, секој ден на мојата улица трчаше европскиот претставник Фуере. И тогаш си реков – зошто и јас да не започнам? И така започна приказната. Еднаш трчавме заедно на трка на 5 км и го победив за 15 минути и се реков дека можам и повеќе.“
Неговиот став кон животот навистина импресионира. Ужива кога е опкружен со млади, а постојано се надминува себеси со поставување на лични предизвици за постигнување на подобри резултати, а неговата порака е младите да започнат да трчаат и да живеат спортски.
Личната приказна на Санде Стојановски е мотивирачка за сите, па и не случајно е дел од корпоративната кампања на Халкбанк „Важни се луѓето“. Тој е свесен за неговите години, неговите можности и постигнувања, но уште повеќе за неговата волја и верба во самиот себе.
„Заслужувам да бидам горд на самиот себе, а истовремено и среќен што соработувам со млади луѓе. Мојата пасија е луѓето да веруваат во себе и да се докажат со својот сопствен труд. Мислам дека ќе бидам од корист и пример за многу луѓе да почнат пред сѐ, да веруваат во себе, бидејќи годините се само бројка. Младешкиот дух што го носиме во себе нѐ поттикнува да се докажеме дека можеме. Желба ми е да ги мотивирам младите луѓе и да им послужам како пример да видат како се трча на 71 година. Се чувствувам како сега да сум почнал. Кога се сака сѐ е можно“ – вели Санде Стојановски.
Оттука, логично е зошто Санде Стојановски е дел од кампањата „Важни се луѓето“, бидејќи тој, со својата енергија поставува пример вреден за секоја почит, со што уште еднаш се потврдува пораката дека секој еден е навистина важен, со што Банката истовремено ја детерминира својата позиција во насока со значењето на името на банката ‒ „Банка на луѓето“, градејќи и негувајќи уникатна, нераскинлива врска со сите свои клиенти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА