Бразилскиот среден играч, Сандро од денеска и официјално е нов член на турскиот клуб Анталијаспор, потврди тимот. Тој потпиша 3.5 годишен договор со тимот, а дојде од Квинс Парк Ренџерс како слободен играч. Тој е задоволен од неговиот шестгодишен престој во Англија и е подготвен за нов предизвик во кариерата.
„Среќен сум што сум дел од Анталијаспор. Во Англија имав шест одлични сезони, но мислам дека сум подготвен за нов предизвик во кариерата. Проектот на Анталијаспор е интересен и горд сум што потпишав со овој клуб“ – истакна Сандро.
Тој својата кариера ја започна во Интернационал, а во 2010 година дојде во Европа, засилувајќи го премиерлигашот Тотенхем. За „спарс“ настапуваше четири сезони, а последно настапуваше за ВБА, како позајмен играч од Квинс Парк Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА