Фудбалерот на Њукасл и италијански репрезентативец Сандро Тонали е вториот играч кој доби енормна казна по обложувачкиот скандал на Апенините.
Тонали доби 10 месечна суспензија од фудбалот, поради тоа што се обложувал на натпревари на кои што и тој играл. Иако се шпекулираше дека Тонали ќе добие суспензија од 18 месеци, сепак Италијанецот се „спаси“ со помала казна.
Покрај суспензијата, Тонали се согласил и на медицински надзор при неговото лечење од зависности што ќе биде организирано во неколку специјализирани установи. Претходно поради истиот скандал седумесечна забрана доби играчот на Јувентус, Никола Фаџоли, а се очекува казна да добие и Николо Заниоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

