Сане и дефинитивно заврши со Баерн, следна дестинација – Истанбул

Лерој Сане и дефинитивно нема да продолжи со Баерн Минхен. Одлуката е донесена, неговиот договор е истечен и тој не прифати да го продолжи со помала плата. Затоа како слободен агент летово ќе има нов клуб.

Крилниот играч е блиску до преселба во Истанбул, во дресот на Галатасарај кој силно го посакува во своите редови. Турскиот тим е подготвен да ги исполни финансиските барања на фудбалерот, и да го доведе во своите редови. Деновиве ќе потпише тригодишен договор.

Сане пет години беше дел од Баерн Минхен, а претходно играше во Манчестер Сити и во Шалке.

Се вчитува...