Лирој Сане ги надмина проблемите со повредата и денеска ќе се врати во тимот на Баерн Минхен за гостувањето против Холштен Кил. Воедно, крилниот офанзивец останува атрактивно име на трансфер-пазарот ако се знае дека договорот му истекува на крајот од оваа сезона, а Сане веќе доби две интересни понуди за камбек во Премиер-лигата.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити е голема желба и на Арсенал и на Њукасл, клубови кои веќе го контактирале неговиот агент испраќајќи понуди. Согласно правилата, Сане веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со клуб надвор од Германија, каде би се преселил од 1 јули 2025, а Арсенал и Њукасл се брзаат во желба што поскоро да ги договорат личните услови, нудејќи му огромни суми за самиот потпис на договорот.
Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој се уште размислува, но и дека нема да брза со одлуката. Сане не беше во најдобри односи со Томас Тухел, па германскиот репрезентативец сега сака да види како ќе функционира со новиот тренер Компани пред да пресече дали воопшто да преговара за останување во Баерн. Таа одлука Сане не би ја донел пред крајот на оваа година, а дури откако би се решил за летен трансфер, би ги разгледувал опциите за камбек во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА