Сане пред „кам-бек“ во Премиер-лигата

Крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Лерој Сане би можел да се врати во Премиерлигата, откако бил понуден на освојувачот на Лигата на Европа, тимот на Тотенхем. Токму играњето во Лигата на шампионите идната сезона би можело да го примами Германецот да се врати во Англија.

Договорот на 29-годишниот Сане истекува наскоро, и како слободен би можел да се пресели во Лондон. Сане претходно беше дел од Манчестер Сити, и добро му е позната Премиерлигата.

Минатаа сезона Сане во 30 меча во Бундеслигата, постигна 11 гола и пет асистенции.

Се вчитува...