Играчот на германската репрезентација Лерој Сане, ги искажа своите очекувања пред дуелот со Шпанија во 1/4 финалето на Европското првенство, кој се игра на 5. јули во Штутгарт.
Сане е вчудоневиден од квалиттите на Ламин Јамал, и не му е верно како може еден 16-годишник да игра на така високо ниво.
„Шпанија е многу силна, играат многу агресивно, и добро се бранат. Во Ламин Јамал имаат играч кој ме тера да се запрашам: Како е можно на оваа возраст? Ова е неверојатно. Навистина уживам да го гледам“, рече Сане, и дополни:
„Во Родри имаат играч ист како Тони Крос. Тој е врска на одбраната и нападот“, кажа крилниот играч на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА