Селекторот на Грузија, Вили Сањол го соопшти списокот на Грузија за одлучувачкиот натпревар околу првото место во групата од Ц-лигата на УЕФА Лигата на нации против македонската селекција.
Македонија ќе гостува во Тбилиси на 23. септември во меч во кој на избраниците на Боби Милевски ќе им биде неопходна победа најмалку од три гола разлика ако сакаме да останеме во игра за првата позиција во групата која води во полуфиналето од разигрувањето за ЕП 2024.
Сањол на својот список има 23 фудбалери од кои дури 19 интернационалци и само четворица од домашниот шампионат. Списокот е предводен од ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија.
„Секако, Македонија е најсилниот противник во групата. За конкретниот меч во Тбилиси не можам да кажам дека ќе се радувам на еден или три бода, затоа што тоа на крајот и можеби нема да е важно. Ќе бидам само среќен ако ја завршиме групата на првото место. Одигравме одлични натпревари во јуни и истото го очекувам и во септември. Сега можеби ќе биде потежок и сосема поразличен натпревар од оној во Скопје, мора да ги исправиме малите грешки направени во првото полувреме од натпреварот против Македонија ако сакаме успех и во Тбилиси“ – истакна Сањол на прес-конференцијата по соопштувањето на списокот.
СПИСОКОТ НА ГРУЗИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО МАКЕДОНИЈА ВО ТБИЛИСИ:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА