Валенсија ја оствари 15.победа во Ла Лига оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Реал Сосиедад со 2-1. Творец на триумфот на „лилјаците“ на овој меч беше Санти Мина. Тој ги постигна двата гола за Валенсија.
Санти Мина во 34.минута донесе предност за својот тим, Ојарзабал израмни на 1-1 во 54.минута. Но, Санти Мина повторно го пронајде патот на топката до мрежата на противникот во 68.минута, што се покажа и како пресудно за освојување на трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА