„Сантијаго Бернабеу“ ќе добие нов модерен изглед (ВИДЕО)

Легендарниот стадион на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“, ќе биде реновиран и ќе добие нов изглед. Ова го најави претседателот Флорентино Перез, претставувајќи го во јавноста новиот лик на „кралскиот дом“.

„’Сантијаго Бернабеу’ од 21.век ќе остане дом на големи емоции. Тоа е иднината на Реал Мадрид“, изјави Флорентино Перез.

Капацитетот на стадионот ќе остане 81.000 гледачи, но комплетно ќе биде променета фасадата, како и покривот.

Се вчитува...