Како одговор на денешните случувања во Каталонија, со инцидентите предизвикани по референдумот за независност на оваа шпанска провинција, „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид вечера ги пречека фудбалерите на Реал Мадрид и Еспањол преплавен со шпанските знамиња.
Ете и случајноста сакаше „кралевите“ во 7. коло од Примера токму денеска да играат против каталонски Еспањол, и сето тоа да го заокружат и со победа од 2-0.
Херојот на Реал Мадрид е Иско, кој најпрво во 30. минута донесе водство од 1-0 по проигрувањето од Роналдо, а потоа во 71. минута заокружи на 2-0…
Со најновите три бода, Реал Мадрид со 14 бода се искачи на петтата позиција, со седум бода заостанување зад водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА