Санто доби отказ од Нотингем, Постекоглу и Мурињо во „трка“ за неговото место

Очекувано или не, она што со недели се најавуваше стана реалност. Нуњо Еспирито Санто доби отказ од Нотингем како прв тренер на екипата, и тоа е првиот отказ сезонава во Премиерлигата.

Веста беше објавена од страна на клубот, по шпекулациите во последните недели за несогласувања помеѓу претседателот на клубот Евангелос Маринакис и менаџерот, по испуштената шанса екипата да обезбеди место во Лигата на шампионите.

„Фудбалскиот клуб Нотингем Форест може да потврди дека поради неодамнешните околности, Нуно Еспирито Санто денес е разрешен од должноста главен тренер. Клубот сака да му се заблагодари на Нуно за неговиот придонес за време на многу успешниот период на „Сити Граунд“, особено за неговата улога во сезоната 2024/25, која засекогаш ќе се памети со задоволство во историјата на клубот. Како некој што одигра клучна улога во нашиот успех минатата сезона, тој секогаш ќе има посебно место во нашата одисеја“, се вели во профилот на клубот на X.

Во англиските медиуми веднаш почнаа шпекулациите за негов заменик. Прв пик е Енџи Постекоглу, доскорашниот менаџер на Тотенхем, кој истотака неочекувано доби отказ од функцијата. После него најголеми шанси му се даваат на „специјалниот“ Жозе Мурињо, кој е слободен агент по раскинот со Фенербахче. Англиските медиуми пишуваат дека Постекоглу води во трката поради фактот што Маринакис сака да има менаџер кој ќе ги слуша и неговите совети, што не би било случај со Мурињо, кој во минатото имал доста караници со шефовите на своите тимови. Последен во низата е во Фенербахче кога по елиминацијата од ЛШ ги нападна челниците на клубот дека не му донеле соодветни засилувања.

Се вчитува...