Санто: Фудбалерите не ме слушаа, јас зборував едно, тие играа нешто друго

Тотенхем претрпе уште еден премиерлигашки пораз, а од натпревар во натпревар станува се поочигледно дека Нуњо Еспирито Санто се мачи да ги наметне своите тактички замисли врз фудбалерите.

„Спарси“ денеска одиграа катастрофално прво полувреме во кое примија три гола од Арсенал, а португалскиот стручњак по мечот се пожали дека некои играчи играле спротивно на она што тој го побарал од нив.

„Ова не беше добар ден за нас, ништо не беше добро. Настапот на теренот, планот за игра… ништо не беше како што треба. Ќе бидам искрен, избрав екипа за која имав замисла дека треба да игра на одреден начин, да се движи по теренот и да ја контролира топката. Нема да именувам индивидуалци, но имаше фудбалери кои очигледно мислеа дека мојот план и тактика се погрешни, па играа нешто друго од она што јас го барав од нив. Тоа се одрази и врз останатите играчи на теренот“, изјави Санто.

Се вчитува...