Вест Хем претпе убедлив пораз од 3-0 од Вулверхемптон, прв триумф на „волците“ сезонава во Премиер-лигата, со што повторно Нуњо Еспирито Санто се најде на удар на јавноста и на фановите на лондонскиот клуб.
Челниците на „чеканите“ како да го загубија трпението со португалскиот стратег, па веќе почна потрагата по негов наследник, со што Санто ќе испише неславна историја во Премиер-лигата.
Имено, Португалецот во случај на отказ ќе стане прв тренер во историјата на Премиер-лигата што во една иста сезона добил отказ од два различни клуба од елитното англиско фудбалско друштво.
За потсетување, тој ја почна сезоната на чело на Нотингем Форест, доби отказ по конфликтот со газдата на „шумарите“, само неколку седмици подоцна се пресели во Вест Хем, но сега е на добар пат да биде отпуштен и од „чеканите“.
Што се однесува до потрагата на Вест Хем по нов менаџер, главни фаворити во моментов се Славен Билиќ и Мајкл Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

