Португалија ќе мора преку бараж да брка пласман на Мундијалот во Катар, откако заврши како второпласиран во групата, позади Србија по поразот во Лисабон во последното коло. После мечот огромно беше незадоволството меѓу фановите и во јавноста на Португалија. На медиумите им се обрати селекторот Сантош кој кажа дека се повлекува ако Португалија не обезбеди учество на Мундијалот.
„Кога нема да ја исполниме целта јас се појавувам пред јавноста. Нашата цел е пласман на Мундијалот, и ако тоа не го оствариме низ баражот, ќе се повлечам. Но, верувам дека ќе минеме. Колку пати бевме во баражот? Секогаш без проблем сме минувале, не гледам причина тоа да не биде и сега“, рече Сантош.
Португалија е можен ривал и на Македонија во баражот за пласман на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА